Од први декември германско издание на „Шарли Ебдо“

Од:

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ на први декември покренува германско издание, кое воглавно ќе содржи текстови и цртежи преведени од француски јазик, но ќе работи и со германски сатиричари.

Првиот број на „Шарли Ебдо“ на германски јазик ќе има 200.000 примероци.

Одлуката е донесена откако неделникот имаше силна поддршка од Германците по терористичките напади врз седиштето на „Шарли Ебдо“ во Париз 2015 година, при што загинаа 12 вработени. Нападот беше изведен од двајца браќа поради карикатурата на пророкот Мухамед.

Специјалниот број печатен една недела по нападот во Германија продаден е во повеќе од 700.000 примероци.

„Шарли Ебдо“ се продава ширум Европа, но германското издание ќе биде прво на странски јазик.