Објавена фотографијата од убиецот во Флорида

Од:

Таткото на убиецот Омар Матин, Мир Садик кажа дека неговиот син имал проблеми со хомосексуалците и дека стравичното злосторство не го направил од религиозни причини.

-Ова нема никаква врска со религијата. Бев присутен кога се разбесна откако виде двајца мажи како се бакнуваат и мислам дека тоа беше клучното да почне да пука. Ние се извинуваме поради сето ова. Не се ни сомневавме дека е способен за вакво нешто. Во шок сме како и сите останати, објасни Садик.

Мажот кој се јави на телефонот регистриран на адресата каде што живееше Матин, Мустафа Абасин иако не сакал да објасни од каде се познава со убиецот, рекол дека им помага на истражителите и повтори дека сите се во шок поради тоа што се случи.

Матин имал дозвола за оружје, со оглед дека работел како обезбедување.

Во оружениот напад кој се случи во ноќниот геј клуб во Орландо, на Флорида, беа убиени 50 луѓе, а 53 се ранети. Власта во Флорида прогласи вонредна состојба во таа американска држава, а полицијата нападот го третира као “терористички“ и испитува дали напаѓачот дејствувал сам или имал помош и логистика.