Нова средба во Минск за кризата во Украина

Од:

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер денеска изјави дека тој и неговиот француски колега Жан-Марк Еро ги поканиле министрите за надворешни работи на Русија и на Украина на средба во Минск идната недела, со цел да се обноват мировните преговори за Донбас.

Штајмајер истакна дека се надева дека средбата ќе се одржи во вторник, неколку недели пред новиот претседател на САД, Доналд Трамп да стапи на должност.

– Дури и да успееме да најдеме најдобро решение за кризата, слични преговори се неопходни, ако не за друго тогаш да гарантираат дека ситуацијата нема да излезе од контрола, посочи Штајмајер пред Долниот дом на германскиот Парламент.

Се уште не е познато каков приод ќе има Трамп кон кризата во Украина, кој се стреми кон подобрување на американско-руските осноси.