Најстарото семејство во светот е „старо“ 818 години

Од:

Најстарото семејство во светот има вкупно 818 години. Деветте браќа и сестри Мелис, имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години.

Семејството Мелис кое живее на Сардинија влезе во Гинисовата книг на рекорди, и по потекло е од Пердасдефогу, регион на централноисточниот дел на Сардинија.

Најстарата сестра Консолат која има девет деца, 24 внуци, 25 правнуци, три чукунвнуци и на 22 август полни 105 години. Клаудија која има 99 години, добро здравје и секогаш е на првиот ред во недела на миса.

Најмладата Мафалда има „само“ 78 години.

Реонот на Сардинија е познат по долговечност, а тајната никој не ја открива.