Најмалку 15 загинати во камерунскиот град Колофота

Од:

Најмалку 15 лица загинаа во вчерашниот напад во градот Колофота, северен Камерун. Се претпоставува дека нападот е извршен од припадниците на нигериската исламистичка група Боко Харам.

Меѓу загинатите, двајца се полицајци и еден војник.

Нигериските исламисти вчера упаднаа и во домот на вицепремиерот на Камерун, Амаду Али и киднапираа неколку луѓе, меѓу кои и неговата сопруга.

Како што соопшти претставникот на камерунската армија, полковник Феликс Нџи Формекон, членовите на Боко Харам ја преминале нигериско-камерунската граница и го нападнале пограничниот град Колофата во северен Камерун.

Тој соопшти дека сопругата на вицепремиерот Али била киднапирана од нивиниот дом заедно со домашните помошнички. При нападот, телохранителите успеле да го извлечат вицепремиерот Али од домот и да го пренесат во соседниот град Мора.