Најмалку 1.649 луѓе загинаа во земјотресот и цунамито во Индонезија

Од:

Спасувачите продолжуваат со потрагата по исчезнати лица во земјотресот и цунамито кои пред осум дена го погодија индонезискиот остров Сулавеси, каде што според најновиот биланс загинале 1.649 луѓе.

Властите соопштиле дека и понатаму се трага по 1.000 исчезнати во Палу, најголем град на островот со околу 350.000 жители.

Обединетите нации неодамна објаавија дека е потребно да се обезбеди хуманитарна помош за околу 200.000 загрозени лица, меѓу кои и голем број деца.

Околу 66.000 домови се уништени во земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.