Најголемата холандска лабораторија за кокаин откриена во училиште за јавање коњи

Од:

Холандската полиција ја откри досега најголемата лабораторија за производство на кокаин, што се наоѓала во поранешно училиште за јавање коњи во градот Нивен, на северот од државата.

Најмалку 17 лица се во притвор, од кои 13 колумбиски државјани, тројца Холанѓани и еден Турчин. Сопственикот на некогашното училиште за јавање бил еден од уапсените холандски државјани, пишуваат локалните медиуми.

Полицијата соопшти дека за време на рацијата биле пронајдени десетици тони  хемикалии потребни за производство на дрогата, како и 100 килограми чист кокаин.

Лабораторијата била опремена да произведува меѓу 150 и 200 килограми кокаин на ден, чија улична вредност е меѓу 4,5 и 8 милиони евра.

– Ова е дефинитивно најголемата лабораторија досега пронајдена во Холандија, изјави полициски портпарол.