Најдобриот математичар во светот кој ја одби наградата од милион долари

Од:

Следната недела најголемиот математичар на денешницата, Русинот Григориј Перелман го слави својот 50 роденеден. Меѓутоа никој не се ни надева дека тој ќе излезе во јавноста, со оглед дека овој човек живее сосема изолирано.

Светот за него последен пат слушна во 2003 година, кога МИТ, Принстон, Колумбија и уште неколку универзитети ги признаа решенијата на Поенкаровата хипотеза, математичка задача која 99 години одолеваше на напорите на математичарите од целиот свет. Тоа му успеа на Перелман, само што наместо да ја земе заслужената награда од милион долари, тој ги одби парите.

Тогаш кратко образложи дека за задачата подеднакво како него е заслужен и американскиот математичар Ричард Хамилтон. Три години подоцна во 2006 година одби да се појави на доделувањето на Филдсовата награда на Меѓународната матаматичка унија. Практично станува збор за Нобелова награда во математиката.

Перелман повторно кратко објасни дека наградата ја одбил бидејќи не е задоволен од однесувањето на светското здружение на математичари. Живее скромно. Не сака автомобил, живее во стан на свој пријател во Русија, во зафрлена четврт. Не се шиша, не се бричи, ја избегнува јавноста и медиуите, а сега никој не знае каде се наоѓа.