Над 100 нови случаи на болни од морбили во Романија

Од:

Од почетокот на годината во Романија избувна епидемија од морбили и до моментот се регистрирани 8.455 случаи на болеста како кај деца така и кај возрасни. Досега има и 32 смртни случаи, најмногу во западните окрузи каде нивото на вакцинација е под 50 отсто. Само за една недела во Романија се регистрирани над 100 нови случаи на болни од сипаници.

Според Министерството за здравство во Романија над 200 илјади деца меѓу 9 месеци и 9 години не се вакцинирани против болеста.