На Нов Зеланд се наоѓа најголемата лулашка на светот

Од:

Лулашката Невис на Нов Зеланд, сместена на 160 метри височина, е вистински рај за адреналинските зависници.

Посетителите можат да бираат дали со лулашката сами или во тандем ќе „полетаат“ наназад или така што на партнерот ќе му го свртат грбот, а пријателите на храбрите авантуристи, кои никогаш не би се решиле на вакво нешто, во целиот настан можат да учествуваат така што ќе ја „оттурнат лулашката“.

Сите заинтересирани за оваа атракција можат повеќе информации да побараат на сајтот bungy.co.nz, а доколку сепак сте за некоја „поприземна“ варијанта, на располагање Ви стои „лулашката на крајот од светот“.