Мишел: Сакаме да им кажеме на нашите украински пријатели дека тие се полноправни членови на европското семејство

Од:

Сакаме да им кажеме на нашите украински пријатели дека тие се полноправни членови на европското семејство, изјави претседател на Европскиот совет Шарл Мишел на Самитот на ЕУ во Версај.

Како што јави дописникот на МИА, Мишел вети помош за Украина од 500 милиони евра.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека „се пишува иднината на нашите земји и нашите европски истории. Украина е дел од европската историја“.

– Украина е еден од европските народи, денес ја отворивме вратата за Украина да се приклучи на ЕУ, истакна Лајен.

Таа, откако го обвини рускиот претседател Владимир Путин за директно напаѓање на демократијата и суверенитетот на една држава, ги претстави првите економски мерки за намалување на зависноста од рускиот гас и најави „големи инвестиции во обновливите извори на енергија“.

– Ќе биде преземен четврт пакет санкции за да се зголеми цената што треба да се плати за буквално инвазијата врз Украина, додаде Лајен.

Извор: МИА