Мерц: Путин, разбери – нема да се откажеме!

Од:

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, им се обрати на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, на Конференцијата за обнова на Украина во Рим. Како што рече, подготвил две одделни пораки.

Обраќајќи му се на Путин, Мерц рече:

– Мојата порака е доста едноставна, нема да се откажеме.

Од друга страна, во својата порака до Трамп, Мерц нагласи дека Германците и Американците имаат слични интереси.

– Останете со Европејците, од оваа страна – рече Мерц

За време на својот говор, шефот на германската влада им се заблагодари на европските сојузници за нивната помош на Киев.

На почетокот на месецот, Мерц изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија.

Во интервју за германска телевизиска станица, Мерц предупреди на саботажа, ширење дезинформации и хибридна војна, за која рече дека веќе влијае на германското општество.

– Ова не е само војна против Украина. Тоа е и војна против нас. Нè следат, се случува саботажа, се справуваме со лажни информации во голем обем – рече Мерц.

Би можело да ве интересира

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он

Мерц: Не можам да верувам дека целата сала во Минхен беше на нозе за Рубио, јас не би станал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мелони и Мерц, новото и моќно дуо на ЕУ

ВИДЕО: „БДП на Русија моментално е околу 2 трилиони евра. БДП на Европската Унија е речиси десет пати поголем. И сепак Европа не е десет пати посилна од Русија“

Катерина Ѓуровски

Мерц: „Светски поредок заснован на права и правила повеќе не постои“

Горан Наумовски

Откриена е „Вашингтонска група“ во која европските лидери го коментираат Трамп