• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Свет

Маж и жена загинаа во одвоени инциденти при прославата на навивачите на ПСЖ

by А1он01/06/2025 - 12:52212
Share0

Едно лице е убиено во јужна Франција за време на прославата по синоќешната победа на Пари Сен Жермен над Интер Милано во финалето на Лигата на шампиони, соопшти денеска француската полиција, пренесе ДПА.

Добивај вести на вибер

Млад човек бил убиен во градот Дакс, јужно од Бордо, наведе портпаролката на полицијата.

Точните околности на инцидентот засега остануваат нејасни, пренесува германската агенција.

Министерството за внатрешни работи соопшти за уште една насилна смрт на маргините од прославите. Според локалните медиуми, жена на скутер била удрена од навивачи со автомобил во Париз и починала.

За време на судирите до кои дојде за време на славењето на победата на ПСЖ низ цела Франција се повредени околу 192 лица, од кои 22 се припадници на безбедносните сили и седум пожарникари, се првичните проценки на министерството, пренесува ДПА.

Најмалку 559 лица се приведени за време на немирите во текот на ноќта, повеќето од нив во Париз.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен