Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска по состанокот со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон дека и покрај билатералните тензии, верува оти кај американската страна постои подготвеност за продолжување на дијалогот со Москва за комплексни прашања.
Тој рече дека на Тилерсон му објаснил причини поради кои се воведени контрамерки по американските санкции спрема Москва.
– Постои подготвеност кај американските колеги да продолжат со дијалогот. Мислам дека за тоа нема алтернатива, изјави Лавров на маргини на собир во Манила.
Тој додаде дека очекува контакти на Москва и Вашингтон за аспектите за решавање на сириската криза, како воени така и политички.