Курдските борци ја презедоа одговорноста за нападот во турскиот град Џизре

Од:

Група, која се смета за воено крило на Курдската работничка партија (ПКК) ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен напад во градот Џизре, во кој беа убиени 11 лица, а десетици други повредени, соопшти блиската до курдските борци агенција Фират, пренесува БТА.

Групата Сила за народна одбрана објави дека извршила самоубиствениот напад во знак на протест против изолацијата на курдскиот бунтовнички лидер Абдула Оџалан, кој издржува доживотна казна затвор во Турција.

Истовремено организацијата ја презеде одговорност и за вчерашниот напад во Артвин, североисточна Турција против моторизираната придружба на опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу, прецизирајќи додаваат дека тој не бил конкретна цел.

Лидерот на водечката опозициска сила во Турција – Републиканска народна партија (ЦХП), не настрада при нападот во кој курдски бунтовници отворија оган врз неговата моторизирана придружба.

Курдската група појасни дека цел бил воениот конвој, предводен од колоната цивилни автомобили, во која бил и Киличдароглу. Во соопштението се истакнува дека и покрај тоа што возилото на опозицискиот лидер им било во дострел, тие не пукале во него.

Во денешниот напад врз полициски контролен пункт во градот Џизре, во југоисточна Турција, најмалку 11 лица загинаа, а 78 се ранети.

Би можело да ве интересира

Анкара одлучна во борбите против Курдите во Сирија

А1он

Сириски Курди: Турската офанзива во Џараблус е „објавување на војна“

А1он