Курдски милиции почнаа со напади за ослободување на ирачкиот град Башика

Од:

Курдските милиции пешмерга презедоа денеска напади врз ирачкиот град Башика што е под контрола на ИД, две недели откако го опколија.

Командантот на пешмергите Џамал Имнаки изјави дека курдските сили се до центарот на градот поддржани од воздух од антиџихадистичката коалиција.

Башика се наоѓа на околу 13 км североисточно од источните квартови на Мосул кои пред два дена беа нападнати од елитни одреди за борба со тероризам, и под команда на Багдад.

Ирачкиот прмеиер Хајдер ал Абади го посети во саботата курдскиот лидер Масуд Барзани во Ербил што е знак дека се затоплени односите меѓу Багдад и курдите.