Криза: Хуго Бос затвора уште 20 продавници во светот

Од:

Новиот генерален директор на модната куќа Хуго Бос, Марк Лангер најави дека ќе се затворат уште 20 продавници во светот откако имаше пад на профитот во вториот квартал.

Нето добивката паднала за 84 проценти, на 11 милиони евра, а продажбата за 4 проценти, на 622 милиони евра.
Аналитичарите очекуваа за 36 милиони поголема добивка, и продажба на ниво од 611 милиони евра.

Бос, кој соопшти во март дека ќе затвори околу 20 од 145 продавници колку што има во Кина, најави дека ќе стави катанец и на околу 20 помалку профитабилни продавници на глобално ниво во следните 18 месеци.