Кремљ: Нема нови возвратни мерки поради санкциите на САД

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека тоа што претседателот на САД,  Доналд Трамп го потпишал законот за санции кон Русија, Иран и Северна Кореја не ја менува моменталната ситуација.

„Всушност ништо не се менува. Какви возвратни мерки? Нема ништо ново, а соодветни мерки веќе се применети“, одговори Песков на новинарските прашања дали ќе следат нови руски мерки по одлуката на Трамп.

Според неговите зборови, потписот на Трамп не е новост и дека „законот би стапил на сила и со и без потписот на претседателот“.