„Кредит Свис“: Вкупното богатство на Албанците изнесува 21 милијарда долари

Од:

Вкупното богатство на албанскиот народ изнесува 21 милијарда американски долари, се наведува во Извештајот за глобалното богатство на „Кредит Свис“.

Според податоците на финансиската институција за 16 години Албанците успеале тројно да го зголемат личното богатство.

Авторите на Извештајот нагласуваат дека 0,7 отсто од возрасните Албанци се милионери. Според нив околу 16.000 луѓе имаат активи над еден милион долари.

Поголемиот број Албанци – 73,3 проценти имаат активи под 10.000 долари.

Речиси 26 отсто од Албаниците имаат сопственост вредна од 10.000 до 100.000 долари.