Кралот Мохамед Шести го прошета претседателот Оланд со својот мерцедес низ Танже

Од:

Ништо подобро од заедничка пријателска прошетка во ноќните часови, со што се одбележува повторно пронајдената доверба меѓу старите пријатели Франција и Мароко. Според информациите на француските медиуми, кои ги пренесува допинсикот на МИА од Париз, кралот на Мароко вчера вечер му приредил мала прошетка на францускиот претседател со својот личен автомобил низ улиците на Танже.

Кралот Мохамед Шести самиот седна зад воланот на својот Мерцедес купе, додека Франсоа Оланд, седна на совозачкото седиште. А еден од кралските советници се превитка за да седне на задното седиште на кралскиот мерцедес.

Покривот на мерцедесот не бил отворен, но прозорците биле отворени. Кралот и претседателот се возеле половина час, по должината на брегот. Прошетка која била направена по неформалната вечера, без протокол, за време на која, нешто што се случува ретко. Кралот се измешал со гостите.

Посетата на Франсоа Оланд во Танже, омилениот град на Мохамед VI, треба да сврти нова страница во дипломатските односи меѓу двете земји, по затегнатостите кои траат една година. Односите се заладија меѓу Париз и Рабат, по поднесените тужби во Франција за “тортура” против шефот на мароканското разузнавање, Абделатиф Хамуши.

Париз, сака да ги обнови традиционално силните врски со нејзиниот поранешен протекторат. На привилегираните врски, главна конкуренција им е таа од Шпанија, која сега е водешки трговски партнер на Мароко. Иако Франција останува главен играч според инвестициите.