Кинеските туристи во странство потрошиле 120 милијарди евра

Од:

Кинеските туристи во 2018 година оствариле 149 милиони патувања во странство и притоа потрошиле малку над 117 милијарди евра. Тоа е соодветно зголемување во двете групи за 14,7 и 13 отсто во однос на претходната година, соопшти Кинеската академија за туризам.

Според Светската туристичка организација при Обединетите Нации, се очекува до 2030 година бројот на туристите во светски рамки да се зголеми на 1,8 милијарди. Притоа, Кина би имала клучна улога во развојот на оваа стопанска гранка на светско ниво.

Внатрешниот туризам во Кина е, исто така, во пораст. Во првите шест месеци лани, приходите од туризмот во земјата достигнале 2,78 трилиони јуани (околу 362 милијарди евра), што е годишен раст од 13,5 отсто.