Кина пријави 60 илјади починати од укинувањето на марките за Ковид-19

Од:

Кина денеска објави дека околу 60.000 луѓе чија смрт е поврзана со Ковид-19. починале во болниците последниов месец, откако беа укинати епидемиолошките мерки.

„Помеѓу 8. декември и 12. јануари, починаа 59.930 луѓе“, изјави за новинарите претставникот на Националната здравствена комисија Џиао Јахуи.

На тој список не се вклучени оние кои починале надвор од медицинските установи.

Хоспитализациите поради Ковид-19 го достигнаа врвот во Кина, а бројот на болнички пациенти продолжува да опаѓа.

„Генерално низ целата земја, бројот на луѓе кои пристигнуваат на клиниките се намалува откако го достигна врвот, и во градовите и во руралните области“, рече Џиао.

Според него, се намалува и бројот на пациенти на кои им е потребна итна медицинска помош, како и процентот на позитивни на Ковид-19 во вкупниот број на тестирани.