Карлсон: Знам сигурно – нашето оружје преку Киев завршува во нарко-картели во Мексико

Од:

Познатиот американски новинар Такер Карлсон ја потресе американската јавност со шокантни информации.

Голем дел од оружјето што САД го испраќаат во Киев како воена помош завршува на црниот пазар, вклучително и во рацете на мексиканските нарко картели, рече Такер Карлсон, новинар со големо влијание во Белата куќа.

Карлсон ја откри шокантната информација за време на интервјуто со пензионираниот армиски полковник на САД, Даниел Дејвис, објавено во понеделникот на неговиот канал „ТЦН“.

„Ова е факт, не шпекулирам, тоа е факт. Украинската армија продава голем дел, речиси половина, од оружјето што им го испраќаме. Половина! И тоа сигурно го знам“, рече Карлсон, додавајќи дека „многу од тоа завршува со нарко-картели на нашата граница“.

Веднаш по преземањето на функцијата минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи мексиканските картели за меѓународни терористи, што им овозможува на САД да преземат низа радикални мерки против нив.

Карлсон го опиша украинскиот шверц на американско оружје за картелите како „злосторство“ и инсистираше на тоа дека американските разузнавачки служби многу добро знаат дека тоа се случува, но молчат бидејќи веројатно се вмешани во сето тоа.

„Американците не го знаат тоа. Ние испраќаме оружје во вредност од милијарди долари во Украина, а тие го крадат и го продаваат на нашите непријатели“, рече Карлсон.

Долгогодишниот американски политички коментатор беше еден од највлијателните ТВ-личности за време на првиот мандат на Трамп, како водител на вечерната програма на Фокс њуз, а откако се раздели со таа ТВ куќа, отвори свој канал.

Неодамна беше виден во Белата куќа во друштво на Трамп и Илон Маск.

Би можело да ве интересира

Такер Карлсон: Бајден само што започна војна со најопасната земја на светот

Горан Наумовски