Карла дел Понте: Во Сирија се направени потешки злосторства отколку во Југославија

Од:

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте најави дека ќе поднесе оставка на местото член на истражната комисија на Обединетите нации во Сирија, незадоволна од резултатите од работата на тоа тело. Таа порача дека во Сирија се направени „поголеми злосторства отколку во поранешна Југославија или Руанда“.

„Фрустрирана сум, заминувам. Напишав оставка и ќе ја испратам нареднте денови“, изјавила во интервју за швајцарскиот весник Блик.

Таа навела дека по пет години не може повеќе да остане во комисија која не прави буквално ништо. Дел Понте ги обвинила членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации дека не сакаат да ја спроведат правдата и додала дека се додека не биде воспоставен трибунал за злосторствата во Сирија, сите извештаи ќе бидат комплетно бескорисни.