Како Сталин го помилувал Дедо Мраз

Од:

Советската ера изнедри некои надреални подвизи за културната синтеза на Дед Мороз

Наспроти агресивната политика на државниот атеизам, проектот за секуларизација на Советскиот Сојуз не можеше да направи ништо и да ја прекине врската со културата и традицијата на Божик.

На некои празнични честитки од советската ера лесно може да се забележи напорот да се прошверцуваат познатите божикни традиции и незабележително да се вовлечат во она што стана советска Нова година, која на големо се прославува.

На нив може да се види ликот на Дед Мороз, поранешен злобен волшебник од словенската митологија. Божественото суштество – господар на зимскиот студ, снег и ветер, замрзнатите реки и снежните наноси, во почетокот бил прикажуван како семоќен старец со огромен раст и долга брада. Во верувањата на старите Словени се сметал за волшебник со многу суров карактер кој донесувал сурова зима, бидејќи во неговата брада живеела меќава. Неговиот приказ кој личи на Дедо Мраз е резултат на големото ребрендирање за чиј резултат е заслужна Руската православна црква, која така се обидела да го приближи до холандскиот Свети Никола.

Секако, по руската револуција во 1917 година, Дед Мороз бил прогласен за сојузник на свештениците и подоцна бил монтиран во советските новогодишни празници.

Веќе во 1935 година, високорангираниот советски политичар, Павел Петрович Постишев, прозборел во одбрана на Божикот, тврдејќи дека неговите претхристијански коерни и важноста за децата, можат да го ослободат од осуда дека е буржоаски или верски празник.

Ова било основ за еден поблаг однос кон омилениот празник. Дури и Сталин во 1937 година дозволил јавни настапи на Дед Мороз, со команда наместо црвени да носат сини плаштови, за да не потсетуваат на западњачкиот Свети Никола.

Имало дури и советски прикази на Христовите јасли со Дед Мороз во улога на Јосиф, а со Сњегурочка, која помага на Дед Мороз, како Марија и бебето Нова година, како Исус. Советската ера обликувала и изнедрила некои навистина надреални подвизи на културната синтеза на Дед Мороз, на комунистичката иконографија и сеприсутниот симбол на амбициозниот футуризам на СССР: вселенските патувања.

Вијести – Подгорица