Кај француските социјалисти седум кандидати за претседателските избори

Од:

Седум кандидати ќе се борат за кандидатурата за претседател на француските социјалисти на прелиминарните избори. Тие ќе имаат три јавни телевизиски соочувања во јануари пред првиот круг, а гласањето кој ќе се одржи на 22 јануари, јави дописникот на МИА од Париз.

Меѓу седумтемина кандидати има  четворица министри во социјалистичката влада  во последните пет години, Мануел Валс, Арно Монтебург, Винсент Пејон  и Беноа Хамон, и тројца претставници на коалициските партии на социјалистите  Силвија Пинел (Радикалната левичарска партија) – единствената жена во трката, Франсоа де Руги (Партијата на зелените ) и Жан-Лук Бенхамиас (Унија на демократите и еколозите).

Оваа листа беше потврдено вчера од страна на Високиот орган на граѓанските прелиминарни избори.  

Со потврдувањето на кандидатурите е означен официјалниот почеток на кампањата, која ќе заврши на 20 јануари, кампања која  всушност, почна одамна.

Поранешниот премиер Валс вчера, додека нивните кандидатури беа разгледувани, дистрибуцирашена летоци во Париз, а Монтебург беше во Сен Брио и Гингамп на средба  со активисти.

Валс и Пејон ќе ги откријат нивните програми на почетокот на јануари, откако  двајцата влегоа во трката по откажувањето на претседателот Франсоа Оланд.

Во исто време, Монтебург  и Хамон продолжија да го подготвуваат  теренот за да се обидат да се најдат во вториот круг. Бенахимиас, Пинел и де Руги ќе се обидат да си најдат место меѓу овие четворица фаворити кај социјалситите.

За француските социјалсити  предизвиците се големи. Првенствено  да ги поминат „своите“ прелиминарни избори, по успехот на тие на десницата и центарот, кои собраа повеќе од 4,4 милиони гласачи и на тој начин го лансираа  победникот Франсоа Фијон.

Целта на социјалистите е поскромна бидејќи првиот човек на социјалистичката партија Камбаделис предвидува  учество помеѓу 1,5 и 2 милиони гласачи, кои ќе платат по едно евра пред да гласаат, за десницата се плаќаше две евра.

Целта е и да се осигура дека е можно обединување на социјалистите, силно разобединети, додека  десницата и екстремната десница сега се наоѓаат во многу подобра позиција за да стигнат до вториот круг од претседателските избори. Не треба да се заборави и на лидерот и канидат на Фронтот на левицата  Жан-Лук Меланшон, како и на кандидатурата на и Емануел Макрон.