Јапонска студентка преживеала хорор во Индија – Ја силувале петмина мажи

Од:

5 мажи се уапсени во Индија и обвинети за киднапирање и повеќекратното силување на јапонска студентка.

Според полицијата во источниот индиски град Калкута драмата се случила на најмалку две адреси во текот на повеќе од еден месец, почнувајќи од 23 ноември. Станува збор за организирана банда осомничена дека напаѓа сами жени туристки.

Полицискиот комесар на најголемиот индиски град Палав Канти Гош соопшти за БиБиСи дека двајца од уапсените, кои биле браќа, утврдиле контакт со 23-годишната Јапонка веднаш по нејзиното пристигнување и сместување во хотел во популарно туристичко соседство и се претставиле за туристички водичи. Едниот од нив дури зборувал добро јапонски. И предложиле турнеја за разгледување, но ја одвеле во крајбрежно одморалиште во државата Западен Бенгал, каде почнале да ја силуваат по ред, и и украле и околу 1200 долари, користејќи ја нејзината банкарска картичка.

Потоа ја однеле во Бод Гаја – најсветото место на будизмот, познато и како центар за обожување и туризам. Таму ја предале на другите членови на бандата. Жената била држена како сексуална робинска повеќе од еден месец. На крајот на декември таа успеала да избега и да се врати во Калкута, каде побарала помош од јапонскиот конзулат.

Петмината насилници биле уапсени во Бод Гаја и во Калкута. До фаќање на некои од нив се стигнало преку пресретнување на разговори на нивните мобилни телефони. Во моментов полицијата трага и по други членови на бандата. За некои од нив се знае дека зборуваат одлично јапонски.

Неколку случаи на групно силување, вклучително и на странски државјанки, кои поттикнаа широк публицитет во Индија во последните две години и го поставија остро проблемот за сексуалното насилство во земјата. Законите против силувачите станаа сурови, но според аналитичарите не ги запреа насилниците.