Израел ја протерува Ал Џазира

Од:

Израелските власти планираат да ги одземат акредитациите на новинарите од катарската телевизија Ал Џазира, да ја затворат нивната редакција во Ерусалим и да го прекинат емитувањето на програмата на таа станица на локални и сателитски провајдери, изјави израелскиот министер за комуникации Ајуб Кара.

Тој ја обвини Ал Џазира за „поддршка на тероризам“ и рече дека кабловските оператори го прифатиле неговиот предлог да не ги емитуваат повеќе каналите на таа телевизија на англиски и арапски јазик.

– За затворање на редакцијата е потребна законска одлука – додаде тој.