Иран се согласи на клучен план за завршување на конфликтот

Од:

Иран наводно се согласил на план кој би можел да доведе до завршување на конфликтот во регионот и повторно отворање на стратешки важниот Ормутски теснец, објавија меѓународните медиуми повикувајќи се на американски и регионални извори.

Договорот сè уште не е конечно потврден, но дипломатски извори тврдат дека преговорите влегле во последната фаза.

Според информациите што ги објавија американските медиуми, нацрт-договорот предвидува продолжување на прекинот на огнот за 60 дена, во текот на кои би се обновил поморскиот сообраќај преку Ормутскиот теснец, еден од најважните светски транспортни правци за нафта.

Ормутскиот теснец го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и претставува една од најважните енергетски точки во светот, според „MiddleEastMonitor“. Околу една петтина од глобалниот извоз на нафта минува низ овој премин, поради што секое нарушување веднаш влијае на цените на енергетските производи низ целиот свет.

Иран претходно го ограничи преминот на бродови низ теснецот по ескалацијата на конфликтот со САД и Израел, што предизвика сериозни нарушувања на пазарот и пораст на цените на нафтата.

Според неколку извори, дел од договорот се однесува и на идните преговори за нуклеарната програма на Иран. Американските претставници велат дека деталите за ограничување на залихите на високо збогатен ураниум на Иран треба да се дефинираат во следните 30 до 60 дена.

Во некои извештаи се наведува дека Иран во принцип се согласил да се откаже од дел од своите залихи на збогатен ураниум, иако официјален Техеран сè уште јавно не ги потврдил таквите информации.

Во исто време, Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма има исклучиво мирновременски цели.

Би можело да ве интересира

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се откаже од дијалогот со САД

А1он

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

Трамп со остри закани за Иран: Нека се однесуваат како што треба, ќе ја уништам цела нација

А1он

Багеи: САД ја започнаа војната, а сега светот ја плаќа сметката

А1он