Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада

Од:

Тензиите меѓу Иран и САД дополнително се заоструваат, откако ирански безбедносен извор најави дека наскоро може да следи „невидена“ воена акција како одговор на, како што ја нарече, американската поморска блокада.

Според информациите објавени од „Press TV“, извор близок до безбедносните структури во Техеран оценил дека трпението на Иран е при крај и дека реакцијата ќе биде неизбежна доколку продолжат американските активности околу Ормутскиот Теснец.

Иранските вооружени сили, кои дејствуваат под команда на штабот „Хатам ал-Анбија“, предупредуваат дека досегашната воздржаност била со цел да се остави простор за дипломатско решение.

Во изјавата се нагласува дека, според нив, САД повеќе не се соочуваат со „пасивен или предвидлив противник“, туку со земја која е подготвена да реагира на секој потег.

Изворот посочил и дека досегашната пауза била можност за политичко решение и за намалување на тензиите, но предупреди дека, доколку условите на Техеран бидат игнорирани, одговорот ќе биде поинаков.

Во пораката се споменува и американскиот претседател Доналд Трамп, со оценка дека има можност да ја намали кризата, но дека продолжувањето на актуелната политика може да доведе до дополнителна ескалација.

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

А1он

Иран: Утре нема да потпишеме договор со Американците

А1он

Арагчи: Договорот со САД е блиску и вклучува повторно отворање на Ормутскиот теснец

А1он

Трамп ги откажа нападите врз Иран

А1он

(ВИДЕО) Иран лансираше ракета кон американските бази

А1он

САД и Иран со нови напади во Заливот, прекинот на огнот на нов тест

А1он