Индија: рекорден број на починати од Ковид-19 во еден ден

Од:

Индија објави дека во изминатите 24 часа од болест Ковид-19 во земјата починале вкупно 445 луѓе, што е најголема бројка за еден ден, а властите предупредија дека вирусот брзо се шири низ руралните делови од земјата.

Вкупно, потврдени се 425.228 случаи на заразени со коронавирус, додека 13.699 лица починале, соопшти денеска индиското Министерство за здравство. Во последните 24 часа, присуството на коронавирусот било потврдено кај 14.821 лица.

По САД, Бразил и Русија, Индија е четврта земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19.

Бројни случаи се потврдени во руралните области, откако стотици илјадници надничари се вратиле во своите села затоа што немало работа во градовите поради воведениот карантин.

Индиските држави кои примиле најмногу работници, забележале и најголем пораст на бројот на заразени во двете недели до 8 јуни, пишуваат медиумите, повикувајќи се на интерни проценки на владата.