ИД презеде одговорност за нападот врз џамијата во Авганистан

Од:

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во шиитската џамија во Авганистан, во кој беа убиени 50 шиитски верници, а 80 повредени.

„Околу 50 шиити се убиени, а 80 ранети во нападот на борците на ИД врз џамијата во Херат во западниот дел на Авганистан“ објави агенцијата „Амак“, блиска на ИД, пренесува АФП.

Авгансиатанските претставници претходно соопштија дека 30 верници се убиени, меѓу кои и мали деца, а дека се повредени 64, кога бомбаш-самоубиец вчера попладне фрли граната врз џамија.

Над 1.700 цивили загинале во нападите во Авганистан од почетокот на годината, наведува Ројтерс.