И дињи и лубеници со името на претседателот

Од:

И не само споменици и плоштади, и не само градови и мостови, туку и дињи и лубеници ќе го носат името на Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов, објавија повеќе светски медиуми.

Култот на неговата личност, зајакнува.

Дињата наречена „Аркадаг“ или „Заштитник“, што е всушност е и неофицијалната титула на Бердимухамедов, била претставена на Саемот на земјоделски прехранбени производи во престолнината Ашхабаду во неделата. Дињата Аркадаг се одликува со крцкав плод и единствен вкус, а исто така таа е отпорна на суша и штетници.

Лубеницата што во чест на Туркменстанскиот претседател била наречена „Претседател“, ја одгледува истиот селекционер, но таа сеуште не е претставена пред пошироката јавност.

Бердимухамедув, во соопштението објавено во неделата го пофалил успехот на производителите на туркместански дињи и нивното несебично залагање со кое сакаат да им ја вратат светската слава на рајските плодови од таа земја.

Од доаѓањето на власт, Бердимухамедов постапно го развивал култот за неговата личност кој се повеќе наликува на култот кој што беше воведен од страна на неговиот претходник Сапармурат Нијазов, кој почина во 2006 тата година, но новиот претседател не е во толкава мера ексцентричен како Нијазов.