Германскиот суд ја поништи забраната за носење на ниџаб во училиште во Хамбург

Од:

Германскиот суд ја поништи забраната за носење на ниџаб во училиштето, откако на шеснаесет годишно девојче и било кажано дека мора да го покаже лицето на наставниците.

Судската пресуда која беше донесена во понеделникот, не може да се обжали.

Тоа ја поттикна дебатата во Германија дали во училиштата треба да се дозволи носење на религиозна облека како ниџабот – превез на лицето што го носат жените муслиманки, со што го покрива нивното лице, а само нивните очи остануваат видливи.

Имено, судот донел таква пресуда откако на мајката на девојчето и било кажано дека нејзината ќерка не треба да носи превез во училиште.