Германија и Франција создаваат воздушен мост против еболата

Од:

Германија и Франција ќе испратат воени транспортни авиони во Западна Африка, како помош во справување со епидемијата на ебола, преку заеднички воздушен мост, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа истакна дека Германија ќе учествува во воздушен мост од Дакар во Сенегал, од каде испораките ќе се вршат до три држави, Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја.

Портпаролот на германскиот Бундесвер изјави дека Германија во соработка со Франција планира да испрати најмалку 100 војници и четири авиони Транал Ц-160 во Дакар или Бамако.

– Германија и Франција се согласија да создадат заеднички воздушен мост, изјави портпаролот, по средбата на министрите за одбрана на двете земји.

Според него целта е да се создаде логистички мост од Германија преку кој ќе може да се пренесуваат околу 100 тони медицинска и друга опрема неделно.