Шест мигрантки заробени во камион со овошје биле спасени од француската полиција откако една од жените повикала помош од новинар на Би-Би-Си, соопштија денеска француските власти.
Четири Виетнамки и две Ирачаники со часови се криеле во камион натоварен со кутии со банани во северна Франција, верувајќи дека возилото е на пат кон Велика Британија или Ирска, објави АП.
Кога сфатиле дека камионот оди во спротивна насока, почнале да паничат во студениот и тесен, темен простор.