Британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, замина во официјална посета на Естонија за да ги поддржи трупите на Велика Британија за време на најголемото прекуокеанско оперативно распоредување на британската армија.
Во моментов таму се стационирани британски војници за да ја бранат балтичката држава од потенцијална руска закана.
Денеска на воен полигон преплавен со кал принцот ги посети војниците кои го чуваат источното крило на НАТО.
Објавени се и фотографии на кои се гледа како принцот, во маскирна униформа, ѕирка од тенк „Челинџер 2“, а потоа и оклопно борбено возило.
За време на неговото дводневно патување во Естонија, тој посети некои од 900-те британски војници, меѓу кои и војници на полкот Мерсиан чиј главен полковник е тој, пишува „Би-Би-Си“.