ФОТО: Не знаел дека го гризнала црна мамба, се додека не видел слика

Од:

Фотографот Марк Лаита имал неверојатна среќа по една случка со црна мамба, пишува весникот „Дејли мејл“.

Марк се занимава со фотографирање на змии во лаборатории, кај приватни сопственици и во зоолошки градини. За време на последното фотографирање за нога го каснала црна мамба, змија чиј отров е стопроценто смртоносен.

Интересно е што Марк тоа не го знаел се додека следниот ден не ги развил фотографиите и не видел што го гризнало, а преживеал само поради тоа што змијата не му вбризгала отров, што е вистинска реткост.

Фотографот со својот проект на сликање змии инаку сака да привлече внимание како овие влекачи се во изумирање, бидејќи им се уништуваат природните живеалишта.