Фон дер Лајен остро ги осуди нападите врз Израелците: Антисемитизмот нема место во Европа

Од:

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска најостро ги осуди нападите врз израелските граѓани во Амстердам, со порака дека на антисемитизмот „апсолутно нема место“ во Европа.

Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х изјави дека разговарала за ова прашање со холандскиот премиер Дик Шоф и нагласи дека е огорчена од синоќешните гнасни напади врз израелски граѓани во Амстердам.

„Силно ги осудувам овие неприфатливи акции. Антисемитизмот нема апсолутно никакво место во Европа. И ние сме решени да се бориме против сите форми на омраза“, рече Фон дер Лајен.