Филмски крвав напад во француски Лидл: Маж со секира упаднал и дивеел во супермаркетот

Од:

Три лица се повредени во застрашувачки напад во продавница на Лидл во Франција, кога маж со секира нападнал луѓе кои биле во продавницата.

Купувачите биле принудени да трчаат за да си ги спасат животите додека маж со секира дивеел низ супермаркет Лидл во Франција, пишува Мирор.

Сведоците рекоа дека виделе крв како го покрива подот на супермаркетот, а на многумина им е потребна психолошка помош по трауматскиот настан.

Две лица се тешко повредени, додека третото се здобило со полесни повреди.Осомничениот, маж на возраст од четириесет години, исто така се здобил со сериозни повреди откако ја свртел секирата кон себе, објави локалната новинска агенција La Voik du Nord.

Нападот се случил во понеделникот околу 19 часот по локално време.

Мажот, наводно, влегол во супермаркетот со торба во која имало ножеви и почнал да ги напаѓа клиентите во близина на касата, бркајќи ги преплашените луѓе низ продавницата во која мирно пазареле неколку моменти претходно.

Еден клиент изгубил прст откако се обидел да го спречи напаѓачот користејќи количка за да му го блокира патот.