Фигаро: Макрон повеќе заработуваше како банкар

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон кој неделава го посети летниот училишен камп во близина на Париз, изјави во разговор со децата дека претседателот на државата не ја извршува таа функција за да заработи, пренесува францускиот весник „Фигаро“.

На прашањето на едно од децата дали е богат, Макрон одговорил: „Знаеш кога ќе бидеш претседател, не  е момент за да заработуваш пари“. Весникот потсетува дека претседателот има плата од 12.696 евра месечно.

Претседателската плата во Франција е намалена за 30 отсто на почетокот на мандатот на социјалистичкиот преседател Франсоа Оланд од 14.910 евра на 12.696, иако неговиот претходник од редовите на десничарите Никола саркози во 2007 година бараше тројно поголема плата.

Претседателот покрај платата, има сместување, храна и автомобили на  располагање  на државен трошок.

Фигаро наведува дека Макрон пред да влезе во политиката како банкар во „Ротшилд“ имал месечна заработка од околу 33.000 евра.