Европската унија го паузираше одговорот на тарифите на Трамп на 90 дена

Од:

Европската унија најави дека ќе го паузира воведувањето контрамерки против САД на 90 дена, за да им даде шанса на преговорите. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека ЕУ сака да избегне понатамошна ескалација и да отвори простор за дискусија.

„Додека го финализираме усвојувањето на контрамерките кои добија силна поддршка од земјите-членки, решивме да ги ставиме во мирување за 90 дена“, рече фон дер Лајен, додавајќи: „Ако преговорите не бидат задоволителни, нашите контрамерки ќе стапат на сила“.

Таа додаде дека се уште трае подготвителната работа за дополнителни мерки против САД.

Трамп на „Денот на ослободувањето“ воведе царина од 20 отсто на увозот од Европската унија. Како одговор, ЕУ подготви контратарифи од 25 отсто за широк спектар на американски производи, вклучувајќи: бадеми, сок од портокал, живина, соја, челик и алуминиум, тутун и луксузни јахти. Трамп вчера ги паузираше тие царини на 90 дена.