Европа е пред политичка војна на два фрoнта заради последиците од нерешените кризи

Од:

Дејли телеграф – Лондон

Европската унија пука на повеќе шавови, предизвикани од разидувања од напливот на мигранти уште пред биде надминат горчливиот конфликт кој го зафати јадрото на монетарниот сојуз.

– Камбаната бие, настапи часот, рече претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во своето обраќање „За состојбите во унијата“.

– Треба да се свртиме кон огромните проблеми пред кои е исправена Европската унија. Нашата унија не е во добра кондиција“, рече тој

.

Можеби ќе биде доста грубо да се истакне дека причината за тој всушност егзистенцијален пад е серија на чекори во кои сеприсутно се забележуваат траги од неговата лична интерпретација. Една од нив беше судбинската одлука за воведување на еврото, која беше донесена во Мастрихт во 1991 година, без прво да биде создаден политички сојуз во ЕУ кој ќе го направи остварливо, како и преземањето на тој чекор и покрај јасните предупредувања од експерти од самата комисија и од Бундесбанк, дека тоа неминовно ќе доведе до криза – „бенефициска криза“, како што зајадливо ја нарекоа енузијастите во европскиот валутен сојуз.

Ескалирачките договори од Амстердам, Ница и Лисабон, од кои секој се фокусира на се повеќе власт во рацете на еден деформиран институционален систем, доведоа до обескрвување на животниот парламентарзам во старите национални држави, кои сами за себе можат да бидат стожери на автентичната демократија во Европа.

Најмногу беше уништена довербата откако беше занемарено и заобиколено карегоричното „не“ кое француските и холандските избирачи го рекоа за европскиот устав во 2005 година. Истиот (уставен) договор беше вратен на маса преку „управувачки пуч“, кога несогласниот, но фактички соучесник британски премиер поднесе документ во посебна соба во Лисабон далеку од објективите на телевизиските камери.

Блиску до логиката на умот би било правилниот заклучок дека ЕУ во таа ситуација може да биде спасена само ако биде поставена методата на Моне на се поангажирани договори и серија обиди да биде наметната интеграција, која ќе ги надминува смислените граници, и наместо тоа да се вратиме на сигурна почва на цврстите национални држави во секоја сфера каде е тоа можно.

Но не испадна така! Јункер сака да ги искористи овластувањата предвидени во договорите за да ги принуди земјите да примат 160,000 бегалци преку квоти, независно од тоа дали се тие согласни со неговите одлуки, а всушност независно од тоа дали тие го сметаат тоа за крајно опасно при сегашната ситуација на тотална војна меѓу западната либерална цивилизација и џихадистичкиот фундаментализам.

Јас лично мислам дека европските земји треба да ги отворат своте врати за оние кои бегаат од војни и репресии, по детален скрининг; соодветно на меѓународните договори за бегалци и со моралните традиции.

Особена вина имаат земјите кои ги исцртаа линиите на Сакс-Пико (тајниот британско-француски договор од 1916 година за поделба на блискоисточните остатоци од распаѓачката Отоманска империја) врз картата на Блискиот истѕок во 1916 година, или оние кои го предизвикаа хаосот откако ги сменија одвратните, но стабилни режими во Ирак и Либија. Но прашањето е кај кого е врховната власт.

Искористувајќи ја законодавната рамка на ЕУ за налагање на квотите, Брисел несвесно не враќа кон реалноста дека државите (од ЕУ) се откажале од сувереитетот врз границите, полицијата и правосудните системи, точно така како што се откажале и од економскиот суверенитет прифаќајки го еврото.

Тоа е груб удар кој создава нов раздор по линијата исток-запад во европски рамки, како дополнеие на војните север-југ по прашањето за единствен валутен сојуз. Со некои нијанси, народите на Унгарија, Словачка, Чешка, Полска и балтичките држави, не ги прифаќаат за легитимни барањата кои им се наложуваат.

Во новата европска криза има еден парадокс. Според поранешниот италијански премиер Марио Монти, сите три непосредни драми кои сега ја делат Европа се врзани со прашања кога луѓето во извесна смисла сакаат потесна врска со ЕУ. За бегалците кои надоаѓаат во библиски размери, ЕУ е ветената земја. Кризата во односите со Русија избувна затоа што Украина сака да се присоедини кон (европскиот) „клуб“. Нестивнувачката грчка сага се уште трае, затоа што грчкиот народ сака да остане во еврозоната.

Тоа е така, но тоа почна да ја губи смислата ако проектот се распаѓа во срцевината. Националниот фронт на Мари Ле Пен во Франција не задоцни да јавне на сегашните случувања, тврдејќи дека сите бегалци се всушност емигранти и дека Германија ги пушта само за да и работат како „економски робови“. Лепен продолжува да е на чело на јавното мислење во Франција, цврсто задржувајќи 29 проценти во последното испитување на весникот Фигаро, иако таа го исфрли сопствениот татко од партијата во банално шоу на политичко наследничка смена на татко и.

Таа има значителни шанси да ја зголеми својата предност откако првичниот изблик на великодушност и топли чувства (кон бегалците) во дел од француското општество почна да опаѓа и дојде време на тешкотиите.

Еврозоната се уште е во структурна економска депресија. Не треба да бидеме во заблуда од тековната краткорочна циклична ревитализација. Тоа доаѓа многу доцна во рамките на глобалниот подем кој веќе е исцрпен и силно анемичен за да сопре политичкиот бунт кој се надзира во голем дел од јужна Европа.

Јазот помеѓу северот и југот во европскиот валутен сојуз јасно се покажа на форумот Амброзети, крај италијанското езеро Комо, на кој се собираат елитите од ЕУ. Таму еден француски официјален претставник ги обвини Германците дека водат „религиозна војна“ за разбивање на валутниот сојуз „со калвинистички оган“, заради „моралното исчистување на долговите“.

Дури и ако тевтонската „морална приказна“ за тоа што се измешало во европскиот монетарен сојуз се покаже точна – а Париз ја отфрлаа таа презумпција – многу е доцна да биде спречен 20 до 30 процентен пад во производството на труд меѓу двата дела на валутниот сојуз, единствено преку наметнување на мерки за строги економии врз југот.

Точно таква асиметрична политика ја фрли еврзоната во 30-ите години од минатиот век во вртлогот на невиден економски пад. При секој случај, таа е саморазурнувачка. Дефлациските ефекти уште повеќе го забрзаа растот на должничкото бреме.

Германскиот притисок за „конкурентноспособност“ е параван за она кое всушност се покажа како „исцедување“ на приходите, прикривајќи го нападот против другите земји во еврзоната со тактиката „разори го својот сосед“. Францускиот службеник рече дека таквата политика е игра со нула ставка во рамките на монетарниот сојуз. Таа не треба да се меша со природниот раст на продуктивноста – реалната мерка за економски прогрес.

Морално опасната фикс идеја на Берлин – дека мерките за строги економии не треба да бидат укинати се додека реформите не дадат резултат за да нема враќање назад – фрапантно противречи на научната литература. Реформите имаат потреба од дополинтелни стимули за сопирање на шокот.

Германските претставници на форумот ангелски се смешкаа, не сакајќи да отстапат ни педа од својата концепција. Тие не се само убедени во својата морална кауза, туку сметаат и дека политиката на европскиот валутен сојуз е оправдана и за пример ја даваат Шпанија. Но Французите можат да одговорат дека Шпанија ја оживеала атомобилската индустрија и извезува 85 проценти од производството покрај 27 процентното намалување на платите, со што се предизвика пропорционален пад на производството во француските фабрики за автомобили. Тоа е стрмоглавување кон дното.

А што се однесува до Грција, ништо не е решено. Може да има, а може и да нема услови владата да управува по изборите на крајот на месецов. Кредиторите се уште не објасниле што имаат на ум говорејќи за кратење на должничкото бреме, ако воопшто станува збор за тоа, а ММФ одби да учествува во последнта програма за спас од 86 милијарди евра, се додека тоа прашање не се расчисти.

Постои реалнен ризик глобалната економија повторно да тргне надолу во следните 18 месеци, уште пред еврозоната да застане на цврсти нозе. Должничкото бреме е многу повисоко од тоа во 2008 година, невработеноста се уште стои на околу 11 проценти, а инвестициите се уште се 4,5 проценти од БДП под преткризното ниво (според податоци на ММФ).

Неодамна, Светската банка предупреди дека е потребна само една грешка од страна на Федералните резерви на САД, која започна да ги затегнува каматите, за да се ослободи верижна реакција на новосоздадените пазари.

На Европскиот проект му остана многу малку политички и економски капитал за самозаштита ако нештата сега повторно се измешаат. Како што рече Јункер, камбаната бие.