„Ер Индија“ купува рекордни 500 авиони, за нив ќе плати 100 милијарди долари

Од:

Авиокомпанијата „Ер Индија“ е блиску до реализација на голема нарачка на 500 авиони вредни десетици милијарди долари од „Ербас“ и „Боинг“, во амбициозни напори за обновување под конгломератот Тата Груп, јавија западни медиуми повикувајќи се на добро информирани извори.

Нарачките вклучуваат 400 авиони со тесно тело и 100 или повеќе широки тела, вклучително и десетици авиони „Ербас А350“ и „Боинг 787“ и „Боинг 777“, рекоа изворите под услов да останат анонимни, бидејќи последните разговори за големата зделка се очекуваат во наредните денови.

Се проценува дека нарачката би можела да надмине 100 милијарди долари и да стане најголема досега од една авиокомпанија по број на авиони, засенувајќи ја комбинираната нарачка од 460 авиони на „American Airlines“ од „Ербас“ и „Боинг“ пред повеќе од една деценија. Дури и по очекуваните значителни попусти, договорот ќе биде вреден десетици милијарди долари и ќе ја затвори нестабилната година за големите производители на авиони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авион на Ер Индија се врати во Чикаго по 10 часа лет – 300 патници делеа еден тоалет

А1он