Египет: Жена нашла маж со љубовница и го фрлила од балкон

Од:

Жител на Египет е сериозно повреден откако неговата сопруга го фатила со љубовница и во знак на освета, го фрлила од втор спрат на зградата.

Мажот кој неколу години бил во брак, посакал да биде во врска со млада жена. Ја повикал во станот во кој што живеал со сопругата, бидејќи таа го одвела нивното дете во градинка и продолжила на работа.

Меѓутоа не се надевал дека сопругата порано ќе се врати во домот. Таа ги фалила „на дело“ и бесна што е изневерена, решила да се освети на неверниот маж.

Во излив на бес го извлекла од кревет, ја отворила вратата на балконот го подигнала и фрлила од втор спрат.

Неверниот маж се здобил со послесни повреди, а соседите веднаш повикале брза помош која го однела во болница.

Полицијата не и одредила притвор бидејќи мажот изјавил дека нема да поднесе пријава за нанесување на телесна повреда, туку дека од неа ќе побара да и прости.