Две лица загинаа и повеќемина се повредени од пожарот „Итон“ во близина на Пасадена, Калифорнија, изјавија денеска од пожарникарската служба на округот.
Таму, во тек е евакуација на околу 32.500 жители.
Територијата со пожарите што зафати неколку населени места во Лос Анџелес сега се удвоила. Во Палисајдс, под наредба за евакуација се 37.000 луѓе, додека приближно 15.000 објекти се под ризик да изгорат.
Пожарот започна овде пред 24 часа и се прошири на 1.193 хектари.
Како резултат на пожарите гувернерот Гавин Њусам прогласи вонредна состојба во Калифорнија.