Договор меѓу Русија и Кина за соработка во борбата против тероризмот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша денеска законот за договор меѓу Русија и Кина за соработка во борбата против тероризмот.

Договорот, кој е потпишан во Пекинг пред шест години, Државната дума го усвои на 11 ноември, а е ратификуван во Советот на федерацијата на 16 ноември.

Целта на договорот е развој на билатералната соработка во борба против тероризмот, сепаратизмот и екстремизмот и содржи членови за заеднички мерки поради откривање и ефикасно спречување на активности поврзани со планирање и извршување на терористички напади.

Предвидена е и размена на информации во рамки на соработката во спречување на криминални дејствија од страна на терористи и екстремисти.