Дамаск: Во самоубиствен напад извршен од седумгодишно дете, најмалку тројца мртви (ДПЛ)

Од:

Три лица загинаа во експлозија пред полициска станица во квартот Мидан во Дамаск, јави телевизијата „Скај Њуз Арабија“.

Во инцидентот повредени се четири лица. Весникот „Ал Ватан Дејли“ информираше дека седумгодишно девојче влегло во полициската станица, кое делувало како да се изгубило. Кога и пришле вработените, таа прашала дали може да го искористи тоалетот. Потоа бил активиран експлозивот на нејзиниот појас, а се верува дека детонирањето било изведено од далечена.

Неименуван претставник на сириските безбедносни сили изјави дека станува збор за терористички акт.