Чезнеење по спасение

Од:

Меѓу историчарите во Европа, често се потенцира дека Првата светска војна била речиси фатална за организираното христијанство. Кај секоја европска историски христијанска нација, војниците маршираа под звукот на молитвите од помпезните хиерарси кои ги уверуваа дека Бог е на нивна страна. Но пиетските баналности од 19-иот век не помогнаа многу во морничавата реалности на војната во ровови, или во општествата каде се изгубија цели генерации млади луѓе.

Се разбира, точно пред 100 години религијата излезе на површината на драматичен начин кога војниците од двете страна бараа христијанско примирје, заедно пееја божикни песни и си разменуваа подароци. Како што потенцираше мојот колега Лексингтон, луѓето се уште се расправаат околу последиците од тој прекин на огнот по повод раѓањето на синот Божји, дали заради смислата на животот, смртта и војната, или заради политиките кои произлегуваат од забиколницата Вашингтон. Брутална вистина е дека многу брзо откако завршувале овие инспиративни славења на Принцот на мирот, двете страни продолжувале меѓусебно да се убиваат. А како последица од божиките, имало се помалку апетит за мир, посебно додека отровниот гас лебдел над борбените линии.

Во колективното сеќавање на британските војници кои се влечеле по калиштата во Фландрија, имало само еден свештеник кој навистина се истакнувал. Тој бил уникатна емпатична личност помеѓу петте илјади свештеници кои биле испратени на фронтот (и првенствено биле подучени да стојат на безбедна дистанца). Неговото вистинско име е пречесен Геофри Стадерт Кенеди, но сите го знаеле како Вудбајн Вили, заради неговата карактеристика да им дели цигари, но и крстчиња и библии на војниците на фронтовата линија. Цела една ера пред да бидат сфатени медицинските последци од пушењето, кратка цигарет-пауза била една од ретките утехи во миговите кога животот изгледал како пекол. Додека делел цигари, Вудбајн Вили пишувал многу стихови, голем дел од нив според неговото најдобро разбирање на англискиот кој го зборувале војнците. Литературните критичари ја нарекоа поезија без дарба, но обичните луѓе ја купувале во стотици илјади копии.

Според неговиот внук Ендрју Стадерт Кенеди, кој ја следи семејната попска традиција, самиот Вудбајн Вили бил длабоко под влијание од четирите години поминати во ровови. Тој на почетокот верувал на поуката дека саможртвувањето е племента кауза, но како што се развлекувала војната се повеќе бил заблуден со патриотски клишеа. Другарството и желбата чесно да се умре за него имале смисла – и ништо друго. Единствениот Бог во кој можел да верува бил оној кој страдал безусловно со неговиот народ. Во христијанската теологија, со векови се води дебата за тоа дали Бог може да почувствува болка; се разбира, Исус како син на Бога, страдал во агонија, но се осудувало за ерес ако се мисли за Таткото Бог дека му било непријатно заради тоа. Вудбајн Вили станал многу раздразлив. Со такви шпекулации; за него божјото страдање било нешто највозвишено. Но дури и при најлошото страдање можело да постојат моменти на утеха, без разлика дали духовна… или физичка. По се, како што тој нашкрабал:

Ако дојде стариот Фриз и те фати,

И ти треба да се потпреш на болка,

Ако немаш верба, зошто тогаш пак силно боли.

Економист – Лондон