Четворица затвореници се задушија во возило при транспорт во побезбеден затвор во Бразил

Од:

Бразилските власти денеска соопштија дека четворица затвореници се задушиле во возилото додека биле префрлувани во побезбеден затвор.

Четворицата затвореници биле пронајдени мртви кога возилото пристигнало во затворот во градот Мараба, пренесоа американските медиуми.

Полицијата наведува дека возилото имало четири оддели и дека во нив имало вкупно 30 затвореници со лисици на рацете, а биле осомничени дека учествувале во големите немири во затворот Алтамира, што се случија во понеделникот.

Затворениците кои се пронајдени мртви наводно, исто така, учествувале во затворската пресметка на криминалните банди во Алтамира, во кои загинаа најмалку 52 затвореници.